ПОВЕЌЕ

    Внимание, се испраќаат лажни e-mail пораки во име на Комерцијална банка!

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје во изминатиот период идентификуваше неколкукратни обиди за лажно претставување во нејзино име со злоупотреба на името и заштитните знаци на Банката преку испраќање електронски пораки, во кои преку лажни информации за наводни уплати/исплати се прави обид за доведување во заблуда на клиенти.

    Ве советуваме со зголемена доза на внимателност и критичност да ги земате предвид ваквите пораки и да не ги отворате доколку се сомневате во вирус или злонамерен софтвер. Дека сомнителната е-mail порака не е испратена од Комерцијална банка АД Скопје може да се види во header-от на пораката.

    Банката преку дополнителни средства што и се на располагање и во рамки на нејзината моќ и ингеренции ќе настојува да ги превенира и спречи ваквите обиди.

    Со цел избегнување на spoof-ирани е-mail пораки (лажирање на адресата на праќачот), ве молиме да се обратите до вашите e-mail провајдери за спроведување на механизам со проверка на јавно публикуван SPF(1) рекорд и на валидноста на e-mail серверот од кој добивате пораки.

    (1) https://en.wikipedia.org/wiki/Sender_Policy_Framework

    Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично