Пандемијата може да предизвика должничка криза во некои земји, затоа инвеститорите мора да бидат подготвени да се справат со тоа.
Евидентно е дека некои земји не можат да го отплатат долгот што го зедоа. Затоа, треба да го намалиме нивото на долг. Може да се нарече простување на долг или отпис – рече Малпас за германски „Ханделсблат“.
Тој рече дека е важно да се намали долгот преку преструктуирање, и потсети на слични иницијативи за време на претходните финансиски кризи.
Се стравува дека пандемијата може да однесе 100 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, а Малпас го повторува повикот за вклучување на приватни банки и инвестициски фондови, пренесува Ројтерс.
Тој предупреди дека пандемијата може да предизвика уште една должничка криза затоа што земјите во развој веќе минуваат низ спирала на слаб раст и финансиски проблеми.
Огромен буџетски дефицит и отплата на долг вршат притисок врз овие економии. Покрај тоа, тамошните банки влегуваат во проблеми поради лошите заеми – рече Малпас.