ПОВЕЌЕ

    Како еден човек успеа да создаде милион работни места?

    Време зa читање: 2 минути

    Амазон направи значителен напредок за време на пандемијата, бидејќи карантинот поттикнува на Интернет купување.

    Амазон, гигантската е-трговија, е една од „профитерите“ за време на актуелната криза. Сепак, нејзиниот основач, Џеф Безос, постојано повторуваше дека не ја злоупотребил оваа ситуација, но дека самата природа на кризата го забрза купувањето преку Интернет, а со тоа и побарувачката за услугите на Амазон.

    Покрај тоа, најбогатиот човек на светот, чие богатство во моментов вреди повеќе од 175 милијарди долари, ја искористи оваа можност да го прошири својот бизнис во разни земји низ светот, а пред се во САД, каде што создаде десетици илјади нови работни места само оваа година.

    Иако работниците на Амазон протестираат веќе подолго време, бидејќи заработуваат само 15 УСД на час, и како што велат – тие работат напорно, па поставиле гилотини во неколку наврати пред куќата на Безос во Вашингтон.

    Сега анализираме како со текот на годините се зголемил бројот на работници во најголемата онлајн продавница. Гледајќи наназад 5 години, работите се одвиваат вака: во 2016 година, Амазон имаше 341.400 вработени, што е зголемување за скоро 48 проценти во споредба со 2015 година. Понатаму, растот што се случи помеѓу 2016 и 2017 година е дури 65,7% . Тогаш Амазон имаше 566.000 работници, а една година подоцна (2018) имало 647.500 од нив, така што имало забележителен скок од 14,4 проценти. Во периодот помеѓу 2018 и 2019 година, бројот на работници достигна 798 000 (раст од околу 23 проценти), така што Амазон, според податоците од јули годинава, сега има дури еден милион работници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично