Во Источна Азија и Пацификот, како и во Кина, има најбавен економски раст во последните 50 години, предупреди Светската банка во понеделникот.
Според последните проекции на Светска банка, се очекува економскиот раст во регионот во 2020 година да биде само 0,9 проценти, најнизок од 1967 година.
Во Кина годинава се очекува економијата да порасне за 2 проценти, водена од трошењето на владата, растот на извозот и ниската стапка на нови случаи на заразени од март.
Остатокот од регионот на Источна Азија и Пацификот се очекува да забележи забавување од 3,5 проценти, објави Светската банка.