“Pringles” не е спакуван случајно во цевка. Овозможува сите чипсови да бидат ставени во еден пакет, за да се спречи кршење.
“Pringles” чипсовите се пласирани на пазарот од страна на “Procter & Gamble” уште во 1967 година, а потоа во 2012 година брендот беше купен од Келог за 2,7 милијарди долари, и сега се продава во повеќе од 140 земји во светот.
Особено во Велика Британија, многу прехранбени производи се спакувани во амбалажа што не може да се рециклира, вклучувајки чипс, чоколадо и млечни производи. Имено, познатите „Pringles“, влегува во фаза на редизајн.
Познатото пакување се издвојува како многу тешко за рециклирање. Постојат многу други брендови во таа земја, чие пакување е „тешко“ за рециклирање, а меѓу нив се и „Кедбери“ и „Бејбибел“. Покрај тоа, само 34% од производите од овие категории се во согласност со сегашните „еко стандарди“.
Исто така, 41% немаат етикети што би означувале дали можат да се рециклираат. Британската организација ја повикува Владата да го направи обележувањето на овој вид на пакувањето едноставно, јасно и задолжително.