ПОВЕЌЕ

    Пристигнува новата најбрза Тесла со три мотори и над 1.100 коњски сили

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот производител објави дека Model S Plaid ќе започне со продажба во 2021 и во моментот кога ќе се појави на пазарот, ќе биде најбрзиот производствен модел во светот. Барем додека автомобилите како Rimac C_Two, Pininfarina Battista, Lotus Evia и Tesla Roadster не излезат во продажба.

    Model S Plaid ќе биде кулминација на досегашното производство на Тесла и самиот врв на понудата на овој електричен седан, кој дебитираше во 2012 година.

    Како што велат во компанијата Тесла, тој ќе користи три електромотори со вкупна комбинирана моќност од над 1.100 КС! Тоа, според нив, е доволно за автомобилот да забрза од 0 до 96 км на час (0-60 милји на час) за помалку од 2 секунди и да помине четвртина милја (околу 400 метри) за само 9 секунди.

    Максималната брзина ќе биде 320 км на час.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично