Оракл победи во наддавањето за купување на операциите на ТикТок во САД, со тоа што заедничката понуда Мајкрософт-Валмарт беше одбиена. Според WSJ, зделката може да не добие форма на целосна продажба, со намера Оракл да стане „доверлив технолошки партнер на ТикТок“ во САД. Повеќе детали ќе има денес, бидејќи Белата куќа допрва треба да коментира дали договорот ќе биде одобрен.
Се започна откако, американскиот претседател Доналд Трамп во август му даде рок на ByteDance да го продаде или суспендира американскиот дел од работењето на апликацијата ТикТок, или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.