Ворен Бафет инвестираше 7 милијарди долари во компании кои во 1998 година, тој ги нарече лоша инвестиција. „Стариот лисец“ се премислува во старите денови. Тој исто така, го отфрлаше златото целиот свој живот, но за време на сегашната криза почна да го зема предвид.
Се чини дека Ворен Бафет навистина „се загреа“ за јапонските акции, бидејќи ги отфрли пред точно 22 години како инфериорна инвестиција, а сега неговиот познат конгломерат „Беркшир Хатавеј“ зеде 5% сопственички удел во 5. најголеми компании од оваа земја, кои се занимаваат со трговија. Станува збор за водечките компании „Иточу“, „Марубени“, „Митсубиши“, „Митсуи“ и „Сумитомо“.
Славниот инвеститор во нив инвестираше околу 7 милијарди долари, што значи значителна промена во неговиот некогаш закоравен став. Исто така, Бафет, кој наполни 90 години на 30 август, никогаш порано не веруваше во злато, но започна да се предомислува за време на кризата предизвикана од корона вирусот.
Бафет исто така верува дека времето е непријател на лошиот бизнис и пријател на големиот бизнис. Сепак, неговиот деловен партнер Чарли Манџер, кој на почетокот на годината наполни 96 години, мудро ја остави отворена вратата за јапонски инвестиции.
Економистите велат дека промената на ставот не е толку невообичаена, бидејќи Јапонија значително се промени од 1998 година. Тие велат дека некои работи остануваат исти, но дека корпоративното управување, маргините на профит и деловните структури од тогаш и сега се како „небото и земјата“.