ПОВЕЌЕ

    Американскиот гигант „Тесла“ отвора претставништво во Хрватска

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ го отвора своето претставништво во Хрватска.

    Во нивните описи за работа, тие напишаа дека се подготвуваат за возбудливо пристигнување во Хрватска.

    Моментално бараат двајца работници за да им се придружат на нивниот нов тим во Загреб, а на нивната веб-страница можете да најдете сè што бараат.  Поконкретно се бараат советник и менаџер за продажба и испорака.

    Точниот датум на отворањето на филијалата на „Тесла“ во Загреб сè уште не е познат. Минатиот септември, основачот на „Тесла“, Елон Маск, на социјалната мрежа „Твитер“ потврди дека канцелариите на „Тесла“ ќе пристигнат во Хрватска, Србија, Словачка и голем дел од Источна Европа на почетокот на 2020 година, но тоа не се случи поради пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично