И покрај олеснителните мерки за борба против корона вирусот, невработеноста во еврозоната се зголеми во јули на 7,9 проценти од 7,7 проценти во јуни, според последниот извештај на Евростат.
Заводот за статистика на Европската унија проценува дека 15,184 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 12,793 милиони во еврозоната, биле невработени во јули оваа година.
Во споредба со јуни, бројот на невработени се зголеми за 336,000 во ЕУ и за 344,000 во еврозоната.
Кога станува збор за младите, на возраст под 25 години, во јули 2020 година, 2,906 милиони од нив биле невработени во ЕУ, од кои 2,338 милиони во еврозоната.