ПОВЕЌЕ

    Кина се заканува дека ќе го бојкотира „Епл“

    Време зa читање: 2 минути

    Кинеските потрошувачи би можеле да го бојкотираат американскиот технолошки гигант „Епл“, доколку САД навистина забранат употреба на социјалната мрежа WeChat, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

    Уште на 6 август, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која се забранува употреба на социјалните мрежи Тикток и WeChat, кои се во сопственост на кинеските компании „ByteDance“ и „Tencent“, и започна период во кој апликациите ќе останат достапни само доколку преминат во рацете на сопствениците на САД . Рокот истекува кон средината на септември, јавува француската новинска агенција АФП.

    Трамп се реши на овој чекор тврдејќи дека социјалните мрежи претставуваат закана за националната безбедност на САД, на што, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан денеска преку Твитер возврати дека во случај на забрана на WeChat, нема да има причина кинезите да продолжат да ги користат iPhone и другите производи на „Епл“.

    Жао уште во четвртокот ги обвини САД за „системско економско заплашување на не-американските компании“.

    Предупредувањето е едно од неколкуте директни упатувања на Пекинг за бојкотот на американските производи, а доаѓа по отворањето на повеќе фронтови меѓу двете суперсили, вклучително и воена активност во Јужното Кинеско Море, ситуацијата во Хонг Конг и потрагата по виновникот за пандемијата на коронавирус.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично