ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од скоро пола милиони евра во првите 6 месеци од 2020 година

    Време зa читање: 3 минути

    Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19.

    Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 61,2 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 220,1 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 158,8 милиони денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 30,6 милиони денари.

    Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни 2020 година изнесува 30,5 милиони денари, што е за 26,2 милиони денари или 46,2% понизок во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од пониска капитална добивка од продажба на преземeни средства како и од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во изминатиов период. Во споредба со Финансискиот план за 2020 година, кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 28,8 милиони денари.

    Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нетоприходи од камати во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година изнесуваат 135,2 милиони денари и бележат пораст од 2,6 % во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот домаќинства. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 98 % од Финансискиот план.

    Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 61 милиони денари и се пониски за 7,1 % во однос на минатата година, главно како резултат на намалена економска активност на клиентите во услови на криза (намалени приходи од платен промет во земјата и странство, провизии за кредитирање и брокерско работење). Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 99,3 % од планираните за овој период.

    Нето-приходите од тргување изнесуваат 4,8 милиони денари и во однос на минатата година бележат значајно намалување за 10,1 милиони денари како резултат на падот на пазарната цена на сите акции од портфолиото за тргување, поради ефектите на пандемијата на COVID-19. Истите ги надминуваат планираните нетоприходи од тргување за овој период за 7,2 милиони денари или 40%.

    Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 4,3 милиони денари и бележат раст од 6,4 % во однос на минатата година и се остварени со 103,5 % од планираните за овој период.

    Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 24,4 милиони денари и се остварени со 85,8 % од планираните за овој период.

    Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 158,8 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 3 %, како резултат во најголем дел на повисоки трошоци за плати, како и материјални трошоци и административни трошоци. Планот е остварен со 98,2 %.

    Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 30,6 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 0,1 милиони денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично