ПОВЕЌЕ

    Кој зема највисоки плати во Македонија?

    Време зa читање: 2 минути

    Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во мај просечната нето-плата исплатена на работник во Македонија изнесува 26.390 денари. Споредено со ланскиот, овој мај таа е повисока за 4,4 проценти, а во однос на април годинава за 2,2 процента.

    Платите на вработените во ИТ-секторот повторно пораснале. И во мај тие се највисоки и во просек изнесуваат 67.936 денари, што е повеќе од две ипол просечни пати во државата. Во екот на пандемијата во мај платите на овие вработени кои ДЗС ги вбројува во дејноста компјутерско програмирање консултантски и сродни дејности во однос на април се зголемиле за 0,1 процент, а во однос на лански мај се повисоки за дури 14,4 проценти.

    На второ место според висината е платата на вработените во телекомуникациите која изнесува 59.000. Платите на овие вработени за еден месец во просек се зголемиле за над 45 проценти, а во однос на лански мај се поголеми за речиси 55 проценти.

    На третото место меѓу вработените со највисоки плати се фармацевтите, каде што просекот е над 48.000 денари со минимално месечно и годишно зголемување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично