ПОВЕЌЕ

    Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

    Време зa читање: 3 минути

    Копнеете по нов, модерно уреден дом? Сакате промена, но немате идеи? Што велите за мала, викенд преобразба? Следуваат неколку интересни предлози кои ќе ви помогнат во изразување на вашата креативност.

    Доколку сметате дека просторот во вашата соба е мал, неутралните и светли бои ќе ја преобразат целосно и ќе направат собата да изгледа поголема и потопла. Ѕидовите може да ги обоите бели, централните елементи исто така нека бидат во бела боја, а малите декорации можете да ги комбинирате во која боја и да посакате. Така, со мала промена на декорациите, секогаш ќе се чувствувате како да правите голем чекор и Вашата соба постојано ќе има нов изглед. Набавете си и зеленило кое е соодветно и лесно за одржување во собата според топлината и светлината, сместете го во убава декоративна саксија и Вашиот простор ќе добие вистинско оплеменување.

    Доколку, сметате дека просторот во кој живеете е преголем, празен и се чувствувате како нешто да недостасува, искористете го следниот викенд за бојадисување на ѕидовите, активност која истовремено може да биде и забавна доколку го вклучите семејството. Одберете еден ѕид, набавете ја омилената боја и фатете се за работа! Слободно изразете ја креативноста и обојте го ѕидот во некоја шема на бои по избор на целото семејство. Промената на боја на само еден ѕид дава целосно нова „енергија” на просторијата.

    Ако имате доволно простор, во ова време убаво би било да го исполните и со некој предмет кој ќе одговори на Вашата потреба од хоби или физичка активност. Набавете си справа за вежбањемузички инструмент; систем за озвучувањесликарски прибор или направете си Ваша мала библиотека.

    Посветете внимание и на дворот или балкон. Во топлите летни денови, надворешниот простор на домот речиси на сите им е омилено место за престој. Инвестирајте во Вашето лично катче градина, засадете цвеќе, билки или дрвја кои кои покрај тоа што ќе го красат просторот, ќе Ви бидат и од дополнителна корист.

    Главен помошник за преобразбата на вашиот дом нека биде потрошувачкиот кредит на Халкбанк. На располагање се дури 1,500,000 денари со максимален рок на исплата до 120 месеци, со само 5% каматна стапка за првите три години и 0% провизија за обработка на кредитот и предвремена ликвидација, а производот доаѓа во пакет со полиса за осигурување од Халк Осигурување.

    Искористете ги летните викенди за брза преобразба на домот и реализирајте ги вашите идеи заедно со Халкбанк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично