Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив направиле над 660.000 трансакции.
„За три недели 10,7 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија“, напиша Ангеловска на Фејсбук.
Таа истакна дека најмногу со картичките се пазари во супермакетите, или согласно податоците кои ги добивме од дел од банките преку 90% од транскациите се таму.