ПОВЕЌЕ

    Две приватни здравствени установи инкасирале повеќе од половина милјарда денари државни пари за 6 месеци!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Согласно податоците на министерството за финансии, а кои се однесуваат на најголемите 10 приматели на државни пари за првата половина од 2020 може да се забележи дека приватните здравствени установи Жан Митрев Скопје и Диамед Македонија Скопје примиле трансакции во вкупен износ од 509,071,960 денари или нешто повеќе од 8 милиони евра. Со тоа овие две фирми се рангираат на осмото (ПЗУ Жан Митрев со 279,889,479денари) и деветото место (ПЗУ Диамед со 229,182,481).

    Од останатите правни субјекти на листата најголеми приматели на државни пари вреди да се издвојат и КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ Македонија ДООЕЛ Битола кои се наоѓаат на 5то со 424.500.988 денари и Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје со 224,331,314 која се наоѓа на 10то место.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично