ПОВЕЌЕ

    Пандемијата ја зголеми хонорарната работа

    Време зa читање: 2 минути

    Пандемијата на корона вирусот предизвика застој од невидени размери на глобалниот пазар, редуцирајќи ги работните места. Дополнително, драстично се намалија работните часови, а работодавачите спроведуваа низа мерки за намалување на трошоците за работа.

    Сепак, хонорарниот пазар стана меѓу ретките кои може да се каже дека го совлада невремето. Отворените работни места се зголемиле за над 25% во период од април до јуни 2020 година, споредено со првите три месеци од годината, се наведува во извештајот на хонорарните преведувачи „Фаст 50“.

    Кварталната студија ги следи движењата од првите 50 најбрзорастечки и опаѓачки работни места на глобалниот пазар во Северна Америка, Европа и Азија.

    „Работодавците ги преиспитуваат буџетите и се одлучуваат за пофлексибилна работна сила. Дополнително, ова укажува на зголемен интерес кај вработените да се придвижат кон независна работа“, изјави извршниот директор на „Фриленсер“, Мет Бари за CNBC.

    Тој додаде дека коронавирусот во нагорна линија го придвижи веќе постоечкиот раст на хонорарно ангажирање за одредена услуга.

    „Овој експоненцијален раст се должи и на силната побарувачка за поединците конечно да започнат со хонорарно претприемништво, да работат по свои услови и на тој начин да ги надополнат своите приходи. Предвидувам дека оваа криза ќе се прошири и во 2021 година и работењето од дома ќе стане нормална работа, а употребата на хонорарните работници од страна на деловните субјекти ќе се зголемува“, додаде Бари.

    Минатата недела Меѓународната организација на трудот на Обединетите нации процени дека бројот на изгубени работни часови во вториот квартал годинава може да биде еквивалент на 400 милиони работни места со полно работно време.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично