Клиентите ќе можат да ја подигнат домашната платежна картичка преку својата матична експозитура.
Од која експозитура треба да си ја подигнам домашната платежна картичка?
За секој клиент е дефинирана матична експозитура за што клиентите ќе бидат известени преку СМС порака. Клиентите кои нема да добијат СМС-порака со информација во која експозитура треба да ја подигнат картичката, потребно е да се јават на (02) 15 050 во Контакт центарот на Банката.
НАПОМЕНА: Охридска банка АД Скопје апелира до сите корисници на домашната платежна картичка, при подигање на картичката од експозитурите, да внимаваат максимално на мерките за заптита од корона вирусот. Пред сè, се замолуваат клиентите да одржуваат растојание од 2 метри при чекање на ред, При влез во експозитурата задолжително е да се носи респираторна маска.
До кога можам да ги користам парите од домашната платежна картичка?
Важна информација за сите корисници на домашната платежна картичка е дека средствата на картичката доделени преку Министерството за финансии како дел од пакетот економски мерки на Владата на Република Северна Македонија можат да се искористат најдоцна до 15 август 2020 година. По истекот на тој датум средствата повеќе нема да бидат на располагање за користење од страна на клиентите.
Како да ја користам картичката издадена од Охридска банка и по искористување на средствата?
Доколку клиентите сакаат да продолжат да ја користат трансакциската сметка и платежната картичка издадени од Охридска банка, потребно е да потпишат анекс на договор.
Повеќе информации за Домашната платежна картичка може да прочитате овде или на веб страницата на Владата www.kupuvamdomasno.gov.mk