Австрија во средата издаде обврзница со рок на доспевање за 100 години која наиде на голем интерес кај инвеститорите.
Владата во Виена со оваа емисија сака да собере две милијарди евра, со купонска камаtа од само 0,85 отсто и рок на доспевање во 2120 година. Првпат австриската влада издаде 100-годишна обврзница во 2017 година, но со значително поголема камата, од 2,1 отсто.
Вкупнат вредност на собраните понуди за новозидадената обврзница изнесувала дури 17,7 милијарди евра, според тврдењњето на менаџерот кој го ангажирал издавањето.
Австрија е единствената земја во Европа која јавно ги продава обврзниците со толку далечни рокови на доспевање. Земјите како Белгија и Ирска, исто така, ги издаваа но со помали номинални износи, пласирајќи ги во затворен круг на инвеститори.
Рокот на доспевање е најдолгиот во Европа од првиот квартал годнавата кога пазарите ги потресе пандемијата на коронавирусот. Само Израел во меѓувреме издаде обврзница со толкав долг рок на доспевање, забележува Reuters.
„Тоа јасно покажува дека пазарот се нормализирал и закрепнал од кризата, бидејќи пред два месеца (владата на Австрија) не би можела да продаде обврзница од оваа вредност“, појаснува Михаел Лестер од германската „Commerzbank“.
Силната побарувачка го одразува апетитот на вложувачите за обврзници со подолги рокови на доспевање, кој им нудат повисоки приноси во актуелното опкружување на ниски каматни стапки во Европа, толкуваат аналитичарите. Дополнителна причина е тоа што на пензиските и осигурителните фондови им е потребна долгоролен капитал, додаваат.
Обврзниците со далечни рокови на доспевање, како австриската, се најчувствителните на растот на каматните стапки, но тоа значи и дека најмногу ќе профитираат од нивното намалување, појаснува Reuters.