Winner Consulting & Accounting е нова фирма која што се занимава со водење на сметководство на мали, средни и големи компании, даночни советувања, финансиски совети, контрола и внатрешна ревизија, обуки за основно сметководство, напредно сметководство, изготвување на финансиски извештаи и анализа.
Winner Consulting & Accounting секогаш се стреми преку следење на сите сметководствени стандарди да понуди правилни финансиски совети, водење на вашето сметководство, финансиска контрола на работењето во вашата компанија, законско и правилно решение за секоја ваша сметководствена проблематика. Со своите едукативни обуки, компанијата секогаш е спремна да ги обучи сите оние кои што сакаат да станат успешни сметководители со успешна изградена кариера.
Поради растот на Winner Consulting & Accounting потребен е:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование;
- со или без работно искуство;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутер;
- Познавање на сметководствениот програм Pantheon.
Одговорности и задачи:
- Прием и архива на документи;
- Книжење на целокупна денарска и девизна документација;
- Подготовка на плати;
- Подготовка на ддв пријави;
- Комуникација со странки.
Способности и вештини:
- Љубезност и позитивност;
- Комуникативност и организираност;
- Прецизност и енергичност;
- Лојалност и професионалност;
- Темелност и точност.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат погоре наведените квалификации, да ја испратат својата професионална биографија на емаил: infowinner7@gmail.com, најдоцна до 25.06.2020 година.