Од вторник, 2 јуни 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ќе врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец мај на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката.
Корисниците кои имаат активна дебитна картичка парите од социјалната и детската заштита ќе ги имаат на располагање веднаш и ќе може да ги подигнат на банкомат или да ги користат за безготовинско плаќање.
Имајќи ги предвид мерките за заштита од Covid-19, исплатата на паричната помош на шалтерите во Банката ќе биде организирана во три групи и тоа согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
- Вторник 02.06.2020 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- Среда 03.06.2020 – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- Четврток 04.06.2020 – П; Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
При посетата на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното физичко растојание и дезинфекција на рацете.
Со цел избегнување на посета на филијалите и експозитурите во иднина, на корисниците кои немаат дебитна картичка Банката ќе им понуди да пополнат барање за нејзино бесплатно издавање.