ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка со предвремена исплата на мајските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите клиенти пензионери дека од 27.05.2020 година мајската пензија ќе биде на располагање на нивните трансакциски сметки.

    Клиентите кои поседуваат картички и сакаат да подигнат готовина од банкомат ќе може да го направат тоа во среда (27.мај). Останатите корисници на парични средства од социјална заштита кои немаат картички или не подигнале готовина на АТМ, а имаат потреба или сакаат да подигнат готовина ќе може да го направат тоа во експозитурите на Банката согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    • На 27.05.2020 (среда) ќе се исплаќаат пензиите со износ до 11.000 денари
    • На 28.05.2020 (четврток) ќе се исплаќаат пензиите со износ од 11.001 до 14.000 денари
    • На 29.05.2020 (петок) ќе се исплаќаат пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари
    • На 01.6.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат пензиите со износ над 18.001 денари

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    Шпаркасе Банка Македонија препорачува средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Банката упатува за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

    Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Банката замолува да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично