ПОВЕЌЕ

    Комерцијална Банка На сите корисници на Mastercard® и Visa кредитни и дебитни картички, бесплатно им овозможува највисоко ниво на заштита со помош на 3DES Secure

    Време зa читање: 2 минути

    На сите корисници на „Mastercard®” и „Visa” кредитни и дебитни картички, Комерцијална банка бесплатно им овозможува највисоко ниво на заштита со помош на 3DES Secure.

    Тоа е врвен безбедносен систем кој во реално време овозможува највисоко ниво на заштита при секоја интернет-трансакција со картички од кој било компјутер, таблет или мобилен телефон.

    Вашите трансакции се максимално сигурни без дополнителна опрема, активација, лозинка или специјален софтвер.

    3DES Secure системот врши автоматска компјутерска анализа на секое Интернет плаќање со цел да се осигури дека вистинскиот сопственик на картичката ја иницира трансакцијата. Со таквата позадинска проверка се овозможува дополнителна заштита на клиентите и се спречува злоупотребата пред таа да се случи.

    Механизмот на 3DES Secure е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичка, датумот на истекување и CVC/CVV2 кодот).

    3DES Secure протоколот кај „Mastercard” каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај „Visa” картичките под името Visa Secure.

    Голем број домашни и светски интернет продавници (сајтови) се сертифицирани и ја поддржуваат 3DES Secure технологијата. Се препознаваат по тоа што на својата веб-страница ја имаат објавено ознаката Mastercard SecureCode® или Visa Secure, која укажува дека веб-страницата е легална и безбедна за интернет купување.

    Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично