ПОВЕЌЕ

    Зошто процеси негативно влијаат на креативноста и продуктивноста

    Време зa читање: 5 минути

    Дали некогаш сте се соочиле со ваква ситуација кога вашите сопствени процеси едноставно ги гледате како ја намалуваат креативноста во вашиот бизнис, но исто така продуктивноста не е на онаа ниво на кое вие би сакале да биде?

    Доколку сте се соочиле со ваква ситуација сигурно знаете колку е тешка и фрустрирачка за вас како еден претприемач или пак менаџер.

    Знаеме дека процесите може да предизвикаат бирократија, што пак ја намалува креативноста, но едноставно зачудува ситуација кога процесите ја намалуваат и продуктивноста поради што и се созадаваат тие процеси.

    Тука ќе наведеме три причини иако сметам дека се многу повеќе, барем стотина кои може да бидат како причини и накратко ќе ги објаснам.

    1. Процесите не се во согласност со денешницата во која функционира вашата компанија

    Како прва и една од најсилните причини што доведува процесите да имаат улога во намалување на креативноста и продуктивноста е кога тие процеси не се во согласност со денешницата во која функционира вашата компанија.

    Што значи оваа? Едноставно тие процеси кои ги користите и кои се дизајнирани пред повеќе години и воопшто не сте ги чепнале во однос на нивно подобрување и прилагодување согласно новите предизвици не даваат резултати. Секојдневно се се менува околу вас, а вашите процеси остануваат исти. Неверојатно, но и невозможно.

    Таквите застарени процеси како прво нема да дозволат креативно размислување на сите оние луѓе кои ги водат тие процеси, но и оние кои оперираат секојдневно со нив. Од друга страна фактот дека тие се застарени и не дозволуваат креативно размислување, едноставно ќе значи и лимитирање на завршување на поголем износ на работа во исто или пократко време. Тоа е стагнација и во поглед на продуктивноста.

    2. Процесите не се дизајнирани како што треба

    Втората причина што сметаме дека е доста силна во однос на намалување на креативноста и продуктивноста на вашиот бизнис е тоа што вашите процеси не се дизајнирани како што треба.

    Сега не зборуваме за стар процес, туку зборуваме за нов процес кој не е дизајниран како што треба да биде дизајниран.

    Едноставно, нешто што постојано го забележуваме при анализа на процеси во малите бизниси е декат тие не ја отсликуваат вистинската потреба на самата компанија. Замислете да дизајнирате нешто, или подобро кажано, замислете да купите нешто што не ви треба или што не знаете дали и како ќе го користите. Па, така процесите остануваат само за на хартија, но и алатка на менаџментот кој ги користи за да контролира, да презентира моќ истовремено потиснувајќи ги креативците и нивната креативна работа како нешто непожелно, односно непотребно во самиот процес. Е, во ваков случај процесот е извор на бирократија во еден бизнис.

    Од друга страна, слабо дизајниран процес освен што ја намалува креативноста, ја намалува и продуктивноста. Тој едноставно нема капацитет да помогне во подобрувањето на продуктивноста во бизнисот, туку само може да ја влоши истата. Замислете процес во кој креативноста е нула, луѓето едноставно се претвораат во роботи без размислување, без внимание, без елан за самата работа. Во едно такво опкружување и резултатите од процесот ќе бидат погрешни, па ќе имаме враќање да поправаме, исправаме или едноставно да го повторуваме процесот само за да се извадиме од новонастанатата несакана ситуација.

    3. Процесите се ОК, но фокусот е само на процесите

    И како трета причина која ќе ја потенцирам е кога имаме состојба во која процесите се ОК, но целиот фокус на менаџментот е само на процесите и на ништо друго. Добро, не значи дека не треба да се фокусираат на процесите, но мора да им биде јасно и дека процесите функционираат со помош на луѓе. Да, и луѓето се составен дел на секој процес и самото функционирање на самиот процес онака како што е замислено ќе зависи во најголем дел од луѓето кои го оперираат соодветниот процес.

    Замислете дека имате супер дизајниран процес кој предвидува секој вработен кој е дел од тој процес да пополнува определена форма или работен налог кој всушност претставува и имплементација на процесот. Доколку тој некој вработен намерно не пополнува се што сте предвиделе во работниот налог или кога пополнува пополнува со намерни или ненамерни грешки севкупното функционирање на тој добро дизајниран процес нема да ги даде очекуваните резултати.

    Процесите се имплементираат од страна на луѓе, а не роботи и тие мора исто така да бидат во фокусот на внимането и во фаза на дизајнирање, но и во фаза на имплементирање.

    Значи, не е точно дека по дифолт процесите ја намалуваат креативноста и ја зголемуваат бирократијата, но и не е точно дека по дифолт процесите ја зголемуваат продуктивноста. Тие мора да постојат, не можете да ги исфрлите бидејќи вашиот бизнис претставува експериментирање и вежбање и секојдневно усовршување врз основа на таквите експерименти и вежби. А, процесите се единствените кои ќе ви помогнат во овие активности. Но, онаа што е важно за вас е да успеете да ги дизајнирате така што ќе обезбедат оптимално функционирање на вашиот бизнис со вистински баланс помеѓу креативноста и продуктивноста.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично