Хари Костов, претседател на Управниот Oдбор на Комерцијална Банка АД Скопје во интервју за порталог Фактор.мк:
Костов: Кога велам дека банките не се хуманитарни организации, не бегам од фактот дека имаат и поширока општествена одговорност, и затоа тие позначајно учествуваат и издвојуваат дел од своите приходи за подршка на здравството, како што е сега потребно, за програми на Црвениот крст, за социјални програми, културни и спортски настани и друго. На пример Комерцијална банка беше прва која веднаш со избивањето на кризата го уплати одеднаш целокупниот данок на добивка во износ од 120 милиони денари, наместо да го плаќа во месечни аконтации до крајот на годината, донираше материјали и парични средства за потребите на Министерствот за здравство во износ од 120.000 евра. Еве најавувам и дека менаџментот односно директорите во Комерцијална банка, на крајот од овој месец, ќе се откажат од дел од своите примања и истите ќе ги насочат за наградување на дел од здравствените работници кои беа меѓу најангажираните во оваа криза. Банките се и меѓу најголемите плаќачи на даноци и придонеси кон државата.