ПОВЕЌЕ

    Европските берзи пораснаа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Цените на Европските берзи пораснаа, бидејќи инвеститорите ги охрабрија новите стимулативни мерки од јапонската централна банка, а се надеваат дека и другите централни банки во светот наскоро ќе го сторат истото.

    Индексот STOXX 600 на водечките европски акции околу 9,30 часот беше во плус 1,6 проценти.

    Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,60 проценти на 5.844 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 2,35 проценти, на 10.580 поени, а парискиот CAC 1,90 проценти, на 4,477 поени.

    Цените на акцииите на азиските берзи утрово пораснаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9,30 часот беше во плус 1,8 проценти, надокнадувајќи поголем дел од минатонеделната загуба од 2,6 проценти.

    Токиската берза, индексот Nikkei скокна за 2,7 проценти, на 19.783 поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично