ПОВЕЌЕ

    Втора емисија корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    На седницата одржана на 15.04.2020 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.

    Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни:

    • Вид на хартија од вредност:  корпоративни, преносливи, субординирани, необезбедени, обврзници, со фиксна каматна стапка. Издадениот капитален инструмент ќе се користи како дополнителен капитал на Банката
    • Број на издадени хв: 1.500
    • Номинална вредност на една хв: 1.000 ЕУР
    • Вкупна номинална вредност на емисијата: 1,5 милиони ЕУР
    • Датум на издавање: 14.02.2020 година
    • Датум на достасување: 14.02.2026 година
    • Каматна стапка: Фиксна годишна камата од 2,7% за целиот период. Каматата се исплаќа годишно, на 14.02 секоја година почнувајќи од 14.02.2021 година. Каматата се пресметува во евра, а се исплаќа во денари
    • Правна положба (субординираност) на хв: Обврзниците се необезбедени и субординирани обврски во однос на обврските на Банката кон останатите депоненти и  доверители и не подлежат на каков било договор, правен акт или правно дејствие што го намалува степенот на субординација.  Воедно, обврските врз основа на корпоративната обврзница од втората емисија ќе се исплатат по намирување на обврските кои произлегуваат од корпоративната обврзница од првата емисија издадени од Банката.
    • Куповна опција/Откуп: Обврските врз основа на корпоративните обврзници не можат да бидат откупени или привремено  отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Банката кога отплатата ќе се врши според важечката законска регулатива која ги регулира состојбите на стечај или ликвидација.
    • Шифра на тргување: TTKO2
    • ISIN: MKTTKS200020
    • Датум на котација и прв ден на тргување: 27.04.2020 година

    Имајќи го предвид наведеното, како и при секое вложување во хартии од вредност, потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувања кои издавачот во иднина ќе ги објавува преку системот на Берзата за електронско известување од котираните друштва СЕИ-Нет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично