ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка со известување за промена на работното време на експозитурите со важност од 8 април 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка Македонија ги информира клиентите дека согласно дополнителните мерки на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија со важност од 8 април 2020 година, со која дополнително се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија (секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден и од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник), експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со изменето работно време, од понеделник до петок од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота сите експозитури нема да работат.

    Вработените во останатите сектори кои се лоцирани во просториите на Управната зграда, СВИМ И Палата „Кузман“ ќе работат исто така со променето работно време од 08:00 до 14:30 часот од понеделник до петок и неработни викенди.

    Поради намалените капацитети во наведениот период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата.

    Потребните информации за понудите и услугите на Банката се достапни преку веб-страницата на Банката, социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600.

    Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично