Фукуока е град во Јапонија каде што има најмногу стартапи. Во последните 3 години, во ова место беа основани повеќе компании од речиси било кое друго место во Јапонија.
И тука во Јапонија, и во Азија пошироко, е местото каде што опасноста и ветувањата на ФинТек беа за прв пат откриени.
Токму во Азија, сите новитети околу плаќањата и системите за верификација беа за прв пат, широко прифатени од населението. Но, исто така, во Азија за прв пат ја видовме темната страна на ФинТек, проследена со голема загриженост за заштита на потрошувачите и нивната приватност.
Азија, како и другите региони во светот, се соочува со истите предизвици: Како да се справат со ризиците од ФинТек без притоа да се задушат иновациите. Како би било можно да се придржува кон брзата иновативна технологија, знаејки дека потрошувачите и инвеститорите се чувствуваат сигурни во своите инвестиции.
Технологијата е секогаш таа која ја поттикнува иновацијата во финансиите. Прашањето е дали овие иновации ќе имаат корист за сите, или само за неколку одбрани индивидуии. Ако се постапува правилно, ФинТек може да ги намали трошоците за користење на финансиски средства и да им овозможи на милиони луѓе да ги остварат своите аспирации за градење подобар живот.
Како може ИМФ (Интернациолниот Монетарен Фонд) да помогне со овој огромен предизвик? Минатата година, ИМФ и Светската банка ја развија агендата за Бали Финтех. Оваа агенда ги идентификува дванаесетте приоритети на кои што земјите и другите меѓународни организации треба да се фокусираат.
Голем дел од земјите сметаат дека ФинТекот е трансформативен за финансиското вклучување. Тие признаваат дека финансиското вклучување игра клучна улога во промовирањето на растот, отворањето пристап за сиромашните и руралните заедници преку пониски трошоци, и го олеснува учеството на жените во формалната економија.
Всушност, како што покажуваат истражувањата на ИМФ, ФинТек во голема мера успеа да ги вклучи жените како активни учесници на финансискиот пазар, во многу заедници ширум светот.
Од особено значење е да се продолжи меѓународниот дијалог за ФинТек. Не е толку лесно како што изгледа. Интегрирање на различни национални пристапи кон крипто-средства, небанкарски ФинТек посредници, притоа успешно управувањето со податоците е голем предизвик. Во исто време, мора да најдеме начин да ја зачуваме финансиската стабилност и интегритет, да ги заштитиме потрошувачите, и да ја зголемиме финансиската писменост.