ФинТек е термин кој се користи за да опише користењето на технологија со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на давањето на финансиски услуги.
Секако, пазарот за ФинТек производи и иновации расте експоненцијално во последните години во согласност со општото зголемување на употребата на технологија низ целиот свет. Ова имаше брз и суштински ефект врз банкарството и финансиски услуги кои постојано се менуваат, со цел да можат да се воведат посовремени банкарски производи. Со брзото темпо на напредок, една година е сосема доволно време во ФинТек средината. 2020 изгледа дека ќе биде интересна година полна со возбудливи промени и трендови.
Големи бази на податоци
Важно е за компаниите што користат големи дата бази соодветно да ги искористат истите. Податоците се собираат и се обработуваат со употреба на аналитика со цел да ги направи системите побезбедни и поперсонализирани. Базите на клиенти се поделени врз основа на демографија како што е, пол, возраст и локација, но исто така и според нивните навики на трошење. Ова им помага на ФинТек компаниите да создадат повеќе персонализирани финансиски средства и производи. Дополнително, бидејќи со употребата на големи бази на податоци може да се увидат навиките за трошење на одделни клиенти, финансиските компании исто така ќе можат да детектираат сомнителни активности и измами.
Вештачка интелигенција (ВИ)
Технологијата на ВИ покажа дека може да обезбеди позитивна и ефикасна интеракција со клиентите и побрзо да го октриe сајбер-криминалот. За ФинТек компаниите, ВИ помага во оптимизација на услугите со намалување на трошењето на продажни агенти, бидејќи голем број од едноставните прашања може да се решат преку ВИ. За посложените прашања, ВИ ќе ги упати клентите до ресурси и претставници на компанијата.
Отворено финансирање
Во текот на изминатите години се појави таканеречно отворено банкарство, со цел да се овозможи пристап до банкарски сметки за потрошувачи преку мобилни апликации од трети лица. Отвореното финансирање продолжува да го проширува аспектот на размена на податоци од отворено банкарство до поширок спектар на финансиски производи како што се заштеда, пензии, заеми и инвестиции. Целта е да се направи управувањето со финансии полесно за потрошувачите и да може лесно да врши увид на нивната финансиска состојба.