ПОВЕЌЕ

    Поради мерките за коронавирусот Стопанска банка – Скопје затвора неколку филијали до 25 овој месец

    Време зa читање: 2 минути

    Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, Стопанска банка АД – Скопје е во поддршка на мерките за превенција и заштита од актуелниот COVID-19 корона вирус.

    Во таа насока, со цел обезбедување континуирана соработка со клиентите, Банката информира дека, поради намалените капацитети во препорачаниот период, од среда, 11.03 до 25.03.2020година филијалите Битпазар, i-bank store и Карпош 4 нема да работат додека преостанатите филијали на Банката ќе продолжат да бидат достапни за клиентите за сите нивни прашања и потреби. Работното време како и досега можете да го најдете на веб страницата или на мобилната апликација.

    Континуирана достапност и поддршка за клиентите, Банката обезбедува и преку 24/7 контакт центарот (02)3100 109.

    Воедно, Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува клиентите дека своите етаблинарни i-bank услуги се достапни 24/7 преку телефон, мобилен и компјутер овозможуваат брз, едноставен, а безбеден начин за управување со личните или деловните финансии. Со e-banking, m-banking и телефонското банкарство, како и 24/7 контакт центарот на Банката на (02)3100 109, клиентите можат да реализираат денарски и девизни плаќања од својот дом или канцеларија. Додека со alokredit.mk сервисот, исто така достапен 24/7 на 15110 може да се аплицира за сите кредитни производи на Банката, да се добие пример пресметка, да се внесе апликација и да се добие конечен одговор на барањето.

    За крај, Стопанска банка АД – Скопје апелира до своите клиенти и вработени доследно да ги следат препораките на Министерството за здравство и Владата, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично