Комерцијална банка АД Скопје во известување преку Македонска Берза АД Скопје објави дека во врска со претходната објава за разгледување на можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека се прекинати почетните разговори и натамошното стекнување на информации поради очигледните разлики во вреднувањето.
Наместо тоа, а на нивно барање, Комецијална банка АД Скопје одобри долгорочен кредит во износ од 615.000.000,00 МКД (шестотини и петнаесет милиони денари) на Друштвото за трговија и услуги ГОФИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје како должник и ГОФИ-ГРОУП ОФ ФАИНЕНС АНД ИНВЕСТМЕНТ СА (GOFI-GROUP OF FINANCE INVESTMENT SA) како заложен должник.
Долгорочниот кредит е обезбеден со залог од прв ред над 3.200 обични акции со номинална вредност од 1.000 евра по акција, издадени од ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје и друг недвижен имот.
Гофи-Гроуп е акционер и поседува 50% од вкупниот број на акции на Еуростандард банка АД Скопје.