Комплексна драма за моќната политика во светот на њујоршките високи финансии. Брилијантниот титан за хеџ-фондови, Боби Акселрод-Акс и јавниот обвинител Чак Роудс играат опасна игра каде што влоговите се бројат во милијарди.
Добитниците на „Еми“ и на „Златен глобус“, Пол Џијамати и Демијан Луис играат во комплексната драма за моќта во њујоршкиот свет на високите финансии. Јавниот обвинител Чак Роудс (Џијамати) и брилијантниот, амбициозен крал на хеџ-фондовите Боби Акселрод Екс (Луис) се наоѓаат на опасна патека, користејќи ги својот интелект, моќта и влијанието за да го надмудрат противникот. Влоговите се бројат во милијарди.
Иако серијата Милијарди не се базира на вистинска приказна, инспирација во градењето на карактерите на главните ликови се добро познати играчи во финансискиот свет.
Кликнете на МИЛИЈАРДИ за да го прегледате официјалниот трејлер за серијата, а во продолжение на текстот, во кратки црти, се опишани епизодите од првата сезона. Доколку сакате да ја изгледате серијата, тоа може да го направите преку HBOGO.MK каде имате 7 дена бесплатно, без договор и можност да откажете кога сакате.
Епизода 1. Моќниот обвинител Чак Роудс е моќен јавен обвинител во јужната област на Њујорк. Тој добива дојава за еден случај со инсајдерско тргување во кој е поврзан кралот на хеџ-фондовите, Боби Акселрод Екс. Иако овој случај може да биде најважен во кариерата на Чак, тој мора да биде внимателен затоа што неговата сопруга Венди е вработена во „Екс капитал“ и многу близок соработник на Екс. Но, една голема финансиска зделка од страна на Екс му дава на Чак можност да започне игра каде што влоговите се високи и мошне лични.
Епизода 2. Екс инсталира ригорозни мерки за усогласеност за да ја подготви компанијата за истрагата на јавниот обвинител. Кога Венди се сомнева во методите на Екс, тој ја тера таа да ја докаже својата верност. Истрагата на Чак е привремено попречена кога мора да распореди ресурси на случај против ривалот на Екс, милијардерот Стивен Бирч. Човекот на Екс, Хал, поставува крт во канцеларијата на обвинителот, додека Екс прави агресивен потег под маската на добротворен прилог, со цел да расчисти некои стари сметки.
Епизода 3. Чак открива дека додека го гонел Стивен Бирч, друг обвинител презел акција во случајот на Екс и треба да си го врати. Екс се активира околу една семејна пекарница, а чинот води до Чак на личен план. Во меѓувреме, Венди има морална дилема за време на една доверлива сесија. А Лара Акселрод се обидува да го заштити реномето на својот сопруг од една потенцијално штетна книга.
Епизода 4. Екс оди на спонтано патување за да ја гледа „Металика“ со своите пријатели од детството и да ја запознае жената што го тера да се соочи со границите на сопствената слобода. Тој, исто така, мора да дејствува во однос на една од своите најважни инвестиции што ги предводи таткото на Чак. Назад во Њујорк, Чак дознава за внатрешните активности во „Екс капитал“, но тој исто така мора да преземе чин против својот татко поради манипулирањето со акции. Плус тоа, Екс се справува со едно предавство и по враќањето носи важна одлука за насоката на неговата компанија.
Епизода 5. Екс нарачува неговите трговци да ги испразнат своите позиции, а тој без помпа исчезнува од „Екс капитал“. Додека Екс ги преиспитува своите животни избори и планира патување со својата нова јахта, Вагс и Венди се обидуваат да ги одржат моралот и редот во целиот хаос. Во меѓувреме, Чак ја засилува својата истрага како одговор на исчезнувањето на Екс, што го води до една фарма во Ајова каде што открива еден клучен сведок за една сомнителна зделка. Вооружен со големи докази, Чак го испраќа ФБИ во „Екс капитал“ за да изврши ненадејно апсење.
Епизода 6. Екс планира жестока одбрана против јавниот напад врз неговата компанија, а тоа го загрозува пријателството со Венди. Истрагата на Чак спроведена врз „Долар Бил“ не оди според планот, а политичкиот притисок се зголемува при проширената правна битка. Венди, која се наоѓа среде сето тоа, се обидува на дипломатски начин да договори зделка што е во најдобар интерес на двајцата мажи. Но, сѐ зависи од личната средба помеѓу Чак и Екс за да се финализира договорот.
Епизода 7. Притисокот од обвинителот на САД почнува да влијае врз Екс, кој влегува во физички судир со еден познајник поради еден инцидент во кој се вмешани неговите деца. Чак продолжува да ја крие својата вмешаност во случајот додека го користи минатото за да добие предност. Венди се запознава со еден потенцијален нов работодавач, но ѝ се укажува шанса и за нешто друго. А случајот против „Екс капитал“ добива нов момент кога Конерти претвора еден член од блиското опкружување на Екс во кодош.
Епизода 8. Екс добива информација за еден крт во компанијата, што го загрозува случајот на обвинителот. Конерти се соочува со морална дилема за тоа како да одговори, што доведува до конфликт со Чак, кој ја преразгледува својата положба додека тој и Венди се надеваат на иднина во која „Екс капитал“ нема да влијае врз нивните односи. Кога почнува истрагата за приватниот живот на Лара, се појавува една тајна од минатото на Екс, заканувајќи му се на сѐ што изградил.
Епизода 9. Последиците од откритијата се мешаат со јавните демонстрации, со незадоволството однатре и со бегството на инвеститорите. Едно ненадејно и таинствено исчезнување им предизвикува главоболки на Екс и на Чак. Конерти, Чак и ФБИ одат во лов. Во меѓувреме, Лара мора да се справи со пожарникарите кои се бесни поради однесувањето на Екс.
Епизода 10. Смртта на еден член од семејството на „Екс капитал“ ги присилува Екс и Венди да направат интроспекција, а тоа му прави огромен проблем на Чак. Тие имаат уште една загуба кога еден случај со инсајдерско тргување е отфрлен од еден корумпиран судија. Со брилијантен контрапотег Чак го ангажира Лони Ватли, кој треба да го разоткрие судијата додека подготвува терен за идниот потег. Екс им се одмаздува на некои од вработените што го напуштиле
Епизода 11. Екс губи стотици милиони долари на една лоша зделка и бара помош од Венди. Чак се обидува да најде моќни сојузници во борбата против Екс. Лу се колеба околу предлогот на Лара таа да стане нов шеф на „Екс капитал“, па ја враќа нејзината сестра во старото соседство за да ја потсети на нејзините корени. Во меѓувреме, Сакер и Конерти ја затвораат истрагата за „Екс капитал“ токму кога Чак наоѓа докази што може да го спасат случајот баш во сопствениот дом.
Епизода 12. Екс дознава дека Чак има нови докази против него што би можеле да го одведат во затвор. Додека Лара прави планови за да може семејството Акселрод да избега од земјата, Екс ја обвинува Венди дека му ги дала информациите на Чак. Пркосната Венди сфаќа колку далеку отишол Чак во гонењето на Екс и се заканува дека ќе го разоткрие. Откако жртвувал толку многу во случајот, Чак го наоѓа Екс за да имаат експлозивно соочување.