Осло – Вчера, Норвешкиот државен фонд достигна рекордни 10 милијарди круни, или 1,09 трилиони долари по зголемувањето на глобалните акции и зајакнувањето на еврото и доларот.
Фондот ја достигна рекордната вредност во време кога администрацијата размислува за промена на стратегијата, вклучително и борбата против климатските промени и предложените големи инвестиции во САД.
Фондот е формиран во 1996 година за да заштеди приходи од енергенсите за идните генерации, и порасна скоро три пати повеќе од годишниот бруто-домашен производ на Норвешка.
Според најновите бројки на порталот на Фондот, очигледно е дека глобалната вредност на пензискиот фонд е 10 милијарди норвешки круни или повеќе од 200.000 долари за секој маж, жена и дете во Норвешка.
Извор: Capital.ba