РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА
„ПАРИТЕ ЌЕСТО ПАТИ ЧИНАТ МНОГУ“ – РАЛФ ВАЛДО ЕМЕРСОН
Ралф Валдо Емерсон (Ralph Waldo Emerson) (25 мај 1803 – 27 април 1882) бил американски есеист, лектор, филозоф и поет кој го предводел трансценденталистичкото движење од средината на 19 век. Тој се смета за шампион на индивидуализмот и совесен критичар на притисоците на општеството и своите размислувања ги шири преку десетици објавени есеи и повеќе од 1.500 јавни предавања низ САД.
„Парите често пати чинат многу“ – Овој цитат на Емерсон може да значи многу работи, но нашиот избор е ова да го протолкуваме како „Што сé ние жртвуваме за пари?“ Воедно изреката „Времето е пари“ на Бенџамин Френклин има поврзаност додека гледаме во цитатот на Емерсон. Времето е нешто што не можеме да го вратиме, без разлика дали е време да го направиме она во што уживаме, времето со семејството или само времето општо.
Повеќе МУДРИ ИЗРЕКИ слични на оваа изрека за парите можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО