ПОВЕЌЕ

    И граѓаните ќе можат да предлагаат измени на „МојДДВ“

    Време зa читање: 2 минути

    Имате предлози за „МојДДВ“? – Министерката за финансии Нина Ангеловска ги покани сите граѓани да ги споделат сите предлози, совети, сугестии и критики за мерката „МојДДВ“

    Министерката на својот Фејсбук профил се огласи со следнава содржина:

    „Имате предлози, сугестии, критики за „МојДДВ“? Ве поканувам да ги споделите!

    Мерката „МojДДВ“ со која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот ДДВ и со тоа влијаат кон адресирање на сивата економија е еден од неколкуте проекти на мојата агенда.

    Во следниот период ќе се работи на унапредување на решението (самата мерка и мобилната апликација). Ќе бидат имплементирани подобрувања и се планираат нови функционалности, затоа ве поканувам да учествувате со коментари, сугестии и критики како од аспект на корисници на мерката, така и од професионален аспект.

    Мерката е популарна помеѓу граѓаните, наплатата на ДДВ се зголемува а граѓаните го остваруваат правото на поврат на 15% од нивното ДДВ на скенираните сметки што е дел од Владината програма „Пари назад кај граѓаните“. Исплатата за првиот квартал од лансирањето (јули-септември) ќе се реализира во месец декември.

    Бидејќи „секогаш сé може подобро“ и притоа земајќи ги предвид сите досегашно апсолвирани коментари од пријатели и соработници околу мене (вклучително моите како корисник на „МојДДВ“ и од професионален аспект) сакам да ве поканам да придонесете и активно да учествувате со споделување на вашите сугестии и предлози кои ќе бидат предмет на разгледување од страна на работната група која ќе работи на формирање на барањата за промени (анг. change requests).

    Во прилог се неколку статистики:
    – Мобилната апликација до сега има 196.000 инсталации (85% Android, 25% iOS)
    – Во јули 137.000 граѓани скенирале 7.200.000 сметки со вкупна вредност на ДДВ од 59 милиони денари.
    – Во август беа скенирани 7.800.000 сметки со вкупна вредност на ДДВ во износ од 66 милиони денари од страна на 142.000 корисници.

    Сите предлози се добредојдени.

    Детални идеи, предлози и сугестии може да испратите и на [email protected]

    Ако имате пријатели кои верувате дека ќе сакаат да придонесат кон промените ве охрабрувам да споделите.“ – објави министерката за финансии Нина Ангеловска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично