ПОВЕЌЕ

    Народната банка со редовно соопштение за монетарните движења за јули 2019

    Време зa читање: 2 минути

    Народна банка на Република Северна Македонија го објави редовното соопштение за монетарните движења за месец јули 2019 година.

    Народна банка ги објави монетарните движења каде дел од објавените податоци се однесуваат на вкупните кредити и вкупните депозити на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

    Вкупни кредити

    По месечниот раст во јуни, вкупните кредити во јули се намалија за 0,8%. Месечното намалување е одраз на поголемиот износ на извршени задолжителни отписи на сомнителните и на спорните побарувања во овој месец. Тоа главно се должи на влијанието на регулаторните промени.

    – Кредити кај домаќинствата: Вкупните кредити на домаќинствата остварија месечно и годишно зголемување од 0,7% и 9,4%, соодветно.

    – Кредити кај корпоративниот сектор: По благиот раст кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни, овој месец е евидентиран позначителен пад од 2,3%. Тој должи на падот во кредитирањето на корпоративниот сектор во денари и во странска валута.

    Вкупни депозити

    Како се вели во соопштението на НБРСМ, вкупните депозити на корпоративниот сектор и на домаќинствата, остварија месечен и годишен раст од 0,8% и 10,0%, соодветно. Овие промени се резултат на растот на депозитите кај двата сектора, но со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

    – Депозити кај домаќинствата: Вложувањата на домаќинствата во депозити во банките и штедилниците, овој месец се зголемени за 0,6%, што се должи на растот кај сите компоненти на депозитите.

    – Депозити кај корпоративниот сектор: Во јули 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор пораснаа за 1,3% на месечна основа. Главно, под влијание на растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари и во странска валута.

    Линк до соопштението во целост.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично