
Holiday Inn Express Skopje City Centre со особена гордост одбележува значаен момент во своето работење – официјално претставување на новиот бренд и приклучувањето кон меѓународно признатото портфолио на IHG Хотели и ресорти.
Ребрендирањето претставува возбудливо ново поглавје за хотелот, кое ја отсликува неговата посветеност при обезбедување квалитетно сместување, сигурна услуга и пријатно искуство за деловните и туристичките гости кои го посетуваат Скопје. Како најбргурастечки хотелски бренд на IHG, Холидеј ин експрес е прв избор за сè поголемиот број патници кои бараат едноставно, пријатно и функционално место за одмор, обновување на енергијата и извршување на деловните обврски.

Сместен во срцето на Скопје, Holiday Inn Express Skopje City Centre на своите гости им нуди удобен и практичен престој, комбинирајќи одлична централна локација со основните погодности и услуги што ги очекуваат современите патници. Со 110 модерно опремени соби, бесплатен појадок, удобно сместување и брз безжичен интернет, хотелот е одлично позициониран да одговори на потребите како на деловните гости, така и на посетителите што сакаат да го истражуваат градот.
Приклучувањето кон семејството на IHG Хотели и ресорти дополнително ја зајакнува меѓународната позиционираност на хотелот, овозможувајќи му поврзување со една од водечките светски хотелски компании, нејзината глобална мрежа, дистрибутивни канали и програмата за лојалност IHG One Rewards.

Одбележувањето на овој значаен повод не претставува само промоција на новиот идентитет на хотелот, туку и потврда на неговата континуирана посветеност кон гостопримството, градењето квалитетни партнерства и придонесот кон развојот на Скопје како сè позначајна дестинација за деловни и туристички патувања.

Аналитика








