ПОВЕЌЕ

    Од 147 милиони евра добивка до 180 милиони загуба – „Луфтханза“ планира кратења

    Време зa читање: 2 минути

    „Луфтханза ерлајнс“ планира да укине околу 1.000 работни места со полно работно време во Франкфурт и Минхен и да го намали капацитетот на кратките и средните линии. Мерките се наведени во интерно писмо до вработените, за кое германските медиуми објавија на 19 ноември. Планот доаѓа откако коригираниот оперативен резултат на авиокомпанијата се влошил за 327 милиони евра во споредба со истиот период лани.

    Во првите девет месеци од 2026 година, сегментот „Луфтханза ерлајнс“, во кој се вклучени и регионалните партнери и „Дискавер ерлајнс“, остварил приходи од 13,06 милијарди евра, за еден отсто повеќе од лани. Оперативните трошоци во истиот период пораснале за четири отсто. Сегментот го завршил периодот со коригирана оперативна загуба од 180 милиони евра, по добивка од 147 милиони евра една година претходно. Целата групација, пак, остварила коригирана оперативна добивка од 1,18 милијарди евра, за 20 отсто помалку од лани.

    Во писмото, потпишано од директорот Јенс Ритер и уште четворица членови на раководството, меѓу причините за послабото работење се наведени високите трошоци за гориво, деветте дена штрајк и последиците од војната на Блискиот Исток. Раководството оценува дека авиокомпанијата заостанува зад конкуренцијата во поглед на трошоците, ефикасноста и продуктивноста.

    На кратките и средните линии „Луфтханза“ планира да користи помалку авиони од семејството „Ербас А320“ и дел од капацитетот да го надомести со „Ербас А220“. Во Франкфурт планира и да го приспособи распоредот на летовите за да го намали бројот на ноќевања на екипажите во странство. Во писмото не се наведени линиите што би биле засегнати.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично