Двојно поголемиот пад кај одливите во однос на приливите на средства, им обезбедил на отворените инвестициски фондови позитивна разлика. Октомври е заокружен со износ од 20,68 милиони евра. Тоа е за 59,32 насто повеќе во споредба со септемвриските12,98 милиони евра.
Во текот на октомври во инвестициските фондови се слеале над 2,2 милијарди денари, односно 35,9 милиони евра. Или за 29,47 отсто помалку на месечна основа, бидејќи приливите во септември изнесувале 50,9 милиони евра.
Многу поголемо е намалувањето во сегментот на одливите – за 59,85 отсто. Конкретно, од 37,9 милиони евра во септември на 15,2 милиони евра во октомври, наведено е во информацијата застапена во месечниот билтен на Комисијата за хартии од вредност.
Инвестициските фондови, на крајот од десетиот месец, имале заедничка нето-вредност од 37,9 милијарди денари, што е противвредност на 617,7 милиони евра. Тоа претставува месечно зголемување од 1,55 насто.
Аналитика








