
Стефан Ристовски од Институтот за европски политики(ЕПИ) во „Каде се парите? со Горан Теменугов“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија добија патокази од Европската комисија за тоа кога би можеле да ги привршат пристапните преговори. За Македонија таков рок нема. Колку од заостанувањето се должи на блокадата на преговорите, а колку на она што сме го сработиле дома? Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Стефан Ристовски од ЕПИ објаснува дека извештаите на Комисијата овозможуваат да се споредат и нивото на подготвеност на земјите и напредокот што го постигнале за една година. Според неговата анализа, Македонија има послаб биланс од сите четири земји, а напредокот во последната година го оценува како релативно слаб. Како исклучок ја издвојува дигитализацијата, каде што спроведувањето на дел од Реформската агенда веќе дало резултат.
„Кога добија патокази Албанија, Црна Гора, па и Украина и Молдавија, гледаме дека веќе не сме од оние коишто сакаме ние да бидеме, односно држави на коишто Комисијата им поставува рокови за кога треба да завршат или привршат пристапните преговори. Од тој аспект малку е видливо дека тоа што сме укочени во процесот на преговори влијае каде стоиме во пристапниот процес. А и кога ги гледаме нивоата на подготвеност и степенот на напредок од година во година, имаме значајно послаб биланс од овие четири држави и напредокот низ последната година е релативно слаб.“
Аналитика








