Инфлацијата во еврозоната продолжи да расте, достигнувајќи 4% во октомври, според податоците објавени од Евростат во средата.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 4,0% во октомври 2026 година, што е зголемување во однос на 3,8% во септември. Една година претходно, стапката изнесуваше 2,1%. Годишната инфлација во Европската унија изнесуваше 4,0% во октомври 2026 година, што е зголемување во однос на 3,8% во септември. Една година претходно, стапката изнесуваше 2,5%. Овие податоци се објавени од Евростат, статистичката канцеларија на Европската унија.
Најниските годишни стапки беа регистрирани во Шведска (0,6%), Чешка и Данска (двете по 2,1%). Највисоките годишни стапки беа забележани во Романија (7,0%), Литванија (6,1%) и Бугарија (5,9%). Во споредба со септември 2026 година, годишната инфлација се намали во девет земји-членки, остана стабилна во две и се зголеми во шеснаесет.
Зголемувањето се случи во услови кога пазарите на енергенси на големо се соочија со потесна понуда и обновен геополитички притисок.
Европската комисија во својата есенска прогноза наведе дека цените на суровата нафта од типот „Брент“ во октомври надминале 100 долари за барел, при што во одредени моменти биле повисоки и од врвните вредности забележани кон крајот на април.
Исто така, беше објавено дека референтната цена на гасот во Европа (на пазарот TTF) во октомври изнесувала во просек 85 евра за мегават-час – што е пораст во однос на околу 30 евра кон крајот на февруари – а месецот го завршила на ниво над 100 евра.
Комисијата го поврза притисокот на пазарот со нарушувањата во енергетските текови низ Ормускиот теснец, како и со оштетувањата на регионалната енергетска инфраструктура.
Повисоките трошоци за гориво се одразија и врз потрошувачките цени. Според податоците на „Еуростат“, цените на горивата и мазивата за лични возила во ЕУ во септември пораснале за 31,4 % на годишно ниво, по растот од 23,8 % во август и 16,9 % во јули.
Во октомври, секторот услуги придонесе со 1,55 процентни поени кон инфлацијата во еврозоната, додека индустриските производи (кои не се енергенси) придонесоа со 0,30 поени, а храната, алкохолот и тутунот со 0,29 поени. Инфлацијата кај услугите благо се зголеми од 3,2 % на 3,3 %, додека инфлацијата кај храната, алкохолот и тутунот порасна од 1,3 % на 1,5 %.
Инфлацијата кај индустриските производи (кои не се енергенси) се зголеми од 1,1 % на 1,2 %.
Базичната инфлација, која ги исклучува енергенсите, храната, алкохолот и тутунот, порасна од 2,5 % на 2,6 %.
Годишната инфлација во Европската унија, исто така, се зголеми – од 3,8 % еден месец претходно, на 4 % во октомври. Една година претходно, таа изнесувала 2,5 %. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најниски годишни стапки беа забележани во Шведска (0,6 %), како и во Чешка и Данска (по 2,1 %). Највисока стапка беше регистрирана во Романија (7 %), по што следуваат Литванија (6,1 %) и Бугарија (5,9 %).
Во споредба со септември, годишната инфлација се намали во девет земји-членки, остана непроменета во две, а се зголеми во 16 земји-членки.
(Фото: Wikimedia)
Аналитика








