ПОВЕЌЕ

    Како вештачката интелигенција да донесе резултати за компаниите – тема на МАСИТ 2026

    Време зa читање: 2 минути

    Примената на агентската вештачка интелигенција во компаниите, продуктивноста и промените во деловните модели се во средиштето на 21. годишна конференција на МАСИТ. Под мотото „Agentic AI – Turning AI into Real Business Value“, конференцијата се одржува денеска, 18 ноември, во Скопје, со најавено учество на претставници од технолошки компании, домашниот бизнис и институциите.

    Меѓу најавените говорници се Патриција Сокалска-Помахо од „Нвидиа“, Маријан Кориенек од „Леново“ и Берат Ќамили, во најавата претставен како Codex Ambassador во OpenAI. Програмата опфаќа дискусии за продуктивноста, дигиталната трансформација и новите деловни модели.

    Посебна дискусија е предвидена за Националната фабрика за вештачка интелигенција и нејзиното значење за компаниите, со најавено учество на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и деканот на ФИНКИ, Петре Ламески. Во другите програмски сесии се најавени Жан Митрев, Дарко Пејчинов од InVita Healthcare Technologies Балкан, Неџат Курт од ТАВ Македонија и Живко Тофиловски од RLDatix.

    За развојот на интелигентните услуги ќе дискутираат претставници на КИБС, КаСис и А1 Македонија. Предвидени се и отворање клиники за вештачка интелигенција и работилница за влијанието на технолошките промени врз лидерството и организацијата на компаниите.

    (Илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично