ПОВЕЌЕ

    ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО НЕПОДГОТВЕНА ФИРМА? КАКО ТЕСЛА НА НЕОБЕЛЕЖАН ПАТ!

    Време зa читање: 2 минути

    Може ли компанија со стар информациски систем и расфрлани податоци да очекува вештачката интелигенција веднаш да ѝ го подобри работењето? Филип Петровски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ го споредува тоа со обид автомобил сам да вози по необележан пат. За делотворна примена, компанијата треба да ги организира податоците врз кои ќе се засноваат анализите и одлуките. Но, тоа не значи дека мора со години да чека да ја заврши целата подготовка. Според Петровски, средувањето на податоците и воведувањето ВИ во одделни процеси можат да се одвиваат паралелно.

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS

    Почеток: делот од одговорот за компанија со 30 години стар систем. Крај: „…во насока на користење вештачка интелигенција“.

    Филип Петровски: „Да зборуваме за примена на вештачка интелигенција за компанија којашто работи во 30 години стар систем и податоците максимум во Ексел и  наоѓаат, е исто како да зборуваме да вози Тесла сама на пат којшто не е обележан. Мора да има одредена основа и за таа основа неколку пати пишував во самите колумни. Таа основа е во моментот чекорот каде што ние се наоѓаме и сè повеќе и повеќе компании инвестираат во интеграцијата и во така наречени податочни платформи коишто ги организираат податоците и ги подготвуваат за да може да имаме предиктивни модели, вештачка интелигенција да употребиме и така натаму. Меѓутоа, што е многу важно, овој процес не е строго секвенцијален. Не мора да завршиме еден чекор за да тргнеме во насока на користење вештачка интелигенција.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично