
Зошто искусен менаџер или мајстор би го предал своето знаење на систем со вештачка интелигенција, ако утре токму тој систем може да го направи заменлив? Дигитализацијата отвора и лично прашање: што останува од вредноста на вработениот кога неговото искуство ќе стане достапно на целата компанија? Филип Петровски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува зошто споделувањето на знаењето е услов за напредување во организацијата. Според него, вистинската моќ на искусниот менаџер се покажува кога ќе се појави нов, непознат проблем за кој сè уште нема запишано решение.
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
Горан Теменугов: Зошто воопшто би бил некој што ќе запишува и ќе го документира за да може после вешташката интелигенција да ме замени и место мене подобри предлози да дава на главниот што е над мене?
Филип Петровски: „Затоа што никогаш не може да пораснете во организацијата ако не го предадете знаењето и не ги изградите луѓето коишто ќе ве заменат. Точно е дека постои, може да го гледаме од аспект на страв, можеби ќе ме замени компанијата и ќе ми каже: фала многу… Вашата моќ и моќта на менаџерите од претходниот пример не е во познатото, е во решавањето и реагирањето во непознатото. Што кога ќе излезе ситуација што не е документирана, тогаш менаџерот ќе реагира и тогаш начинот на којшто менаџерот ќе се справи со предизвикот е всушност моќта на искуството на самиот менаџер. Не е тоа што сме го запишале“.
Аналитика








