ПОВЕЌЕ

    Наумовски: Централниот регистар е најдигитализираната институција во државата

    Време зa читање: 4 минути

    Централниот регистар е најдигитализираната институција во државата, истакна Владимир Наумовски, советник за ИТ развој во Централниот регистар, на Finelevate 360 Digital Summit 2026, кој се одржа вчера во Скопје.

    Наумовски учествуваше на панел-дискусијата „The Foundation of Digital Transformation in Financial Services: eID, Trust Services, Interoperability“, каде што во фокусот беа електронската идентификација, доверливите услуги и интероперабилноста како основа за понатамошна дигитализација на финансискиот и деловниот сектор.

    Говорејќи за дигиталната трансформација, тој ја истакна улогата на Централниот регистар како стабилна и сигурна дигитална инфраструктура за компаниите и економијата во целина.

    Целта, според пораките од панелот, не е само постојните административни процедури да се преселат на интернет, туку да се создаде систем во кој институциите се поврзани, податоците безбедно се разменуваат, а граѓаните и компаниите можат електронски да го потврдат својот идентитет и да завршат што поголем дел од постапките без физичко присуство.

    Дел од таквата инфраструктура веќе е воспоставена. Системите на Централниот регистар се поврзани со решенијата за електронска идентификација eID и OneID, што им овозможува на корисниците електронска идентификација и автентикација при пристапот до услугите на институцијата.

    Во изминатите години Централниот регистар дигитализираше и значителен дел од услугите што ги користат граѓаните и компаниите. Преку Системот за е-Потврди, корисниците можат електронски да нарачаат и преземат тековна состојба на деловен субјект, историјат, како и одредени потврди поврзани со стечај и ликвидација, без потреба од класична постапка на шалтер.

    Дигитализиран е и еден од најважните процеси за започнување бизнис – регистрацијата на правен субјект. Преку системот за е-регистрација, основањето фирма може да се спроведе онлајн со користење квалификуван дигитален сертификат како замена за своерачен потпис.

    Во електронска форма се одвива и значителен дел од комуникацијата со компаниите и сметководителите. Годишните сметки можат да се поднесуваат електронски 24 часа дневно, а професионалните корисници преку дистрибутивниот систем имаат пристап до ажурни финансиски и деловни податоци.

    Токму комбинацијата од електронска идентификација, е-регистрација, дигитални документи, електронско поднесување финансиски податоци и поврзување со други институции е основата врз која Наумовски ја темели оценката за високото ниво на дигитализација на Централниот регистар.

    Еден од клучните сегменти во овој процес е интероперабилноста – можноста информациите што една државна институција веќе ги поседува да можат безбедно да се користат и во други системи, наместо граѓаните и компаниите постојано да доставуваат исти документи.

    Токму Централниот регистар, како институција во која се обработуваат и чуваат голем број податоци за деловните субјекти, има значајна улога во таквиот систем.

    Но, следната фаза на дигиталната трансформација оди чекор понатаму и кон вештачката интелигенција.

    Од Централниот регистар и претходно посочуваа дека развојот на новите дигитални решенија, автоматизацијата и можностите што ги отвора ВИ треба да бидат дел од понатамошната модернизација на институцијата. Соработката со академскиот и технолошкиот сектор треба да овозможи податоците и постојната дигитална инфраструктура да се искористат за развој на поефикасни услуги и нови решенија.

    Во таа насока е и соработката со ФИНКИ, која отвора можност за развој на иновативни дигитални решенија, размена на знаење и користење капацитети поврзани со вештачката интелигенција.

    Тоа значи дека дигитализацијата повеќе не се сведува само на електронско поднесување барање или преземање документ. Следниот чекор е автоматизација на процесите, поврзување на регистрите и подобро користење на податоците што веќе постојат.

    Ова е особено важно и за финансискиот сектор. Банките и другите финансиски институции секојдневно користат податоци за компании, сопственици, овластени лица и статусни промени. Побрзата и безбедна електронска размена на тие информации може да значи помалку рачни проверки, помалку административни постапки и побрзи услуги за компаниите и граѓаните.

    Пораката од настапот на Наумовски на Finelevate 360 Digital Summit беше дека основата за следната фаза на дигитализацијата веќе не е само во тоа колку услуги се достапни онлајн. Клучни стануваат доверливиот дигитален идентитет, поврзаноста меѓу институциите, сигурната размена на податоци и при

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично