ПОВЕЌЕ

    3 МИЛИОНИ ЕВРА ОБЕЗБЕДЕНИ ЗА РЕКОРДНИ 4 ДЕНА – Иуте Македонија со ново поглавје на домашниот пазар на капитал

    Време зa читање: 2 минути

    Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, обезбедувајќи го целиот износ од 3 милиони евра за рекордни четири дена. Со тоа, јавната понуда е целосно затворена, а исклучителниот интерес од инвеститорите претставува силна потврда за довербата во компанијата, нејзиниот стабилен бизнис модел и долгорочната стратегија за раст.

    По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, Иуте издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра со фиксна годишна каматна стапка од 8.5%. Во рамки на јавната понуда беа пласирани 30.000 обврзници со номинална вредност од 100 евра, достапни за физички и правни лица.

    „Довербата е најскапиот и највредниот капитал на финансиските пазари. Интересот што го видовме за оваа емисија е силна потврда за довербата што инвеститорите ја имаат во Иуте, нашите резултати и начинот на кој го водиме бизнисот. За нас, ова претставува важен чекор во понатамошното унапредување на финансиската структура на компанијата и создавање дополнителен простор за одржлив раст и развој“, изјави Нина Мојсова Ќосева, директор на Секторот за финансии во Иуте Македонија.

    Иако емисијата од 3 милиони евра претставува околу 5% од вкупната актива на компанијата, нејзиното значење е далеку поголемо од самата вредност. Како прво излегување на Иуте Македонија на домашниот пазар на капитал преку јавна понуда на корпоративни обврзници, ова претставува историски и стратешки чекор во понатамошната диверзификација на изворите на финансирање и зацврстување на позицијата на компанијата во финансискиот сектор.

    Успешната реализација на емисијата испраќа силен позитивен сигнал и до македонскиот бизнис сектор. Таа покажува дека домашниот пазар на капитал може успешно да поддржи растечки компании и отвора нови можности за инвеститорите, придонесувајќи кон подлабок, поактивен и поразвиен инвестициски екосистем во земјата.

    Со оваа емисија, Иуте Македонија не обезбеди само нов капитал за раст, туку постави и значаен репер за развојот на корпоративното финансирање и пазарот на капитал во Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично