ПОВЕЌЕ

    Илиевска: Пензиите пораснаа за 7.000 денари, најниската достигна 18.192 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Повисоки пензии за 7.000 денари досега добиле повеќе од 330.000 пензионери. Остварено е ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за сите, без оглед на нивниот претходен износ, тврди пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска.

    „Ветивме дека секој еден пензионер, односно над 330.000 пензионери, без разлика на износот на пензијата, во својот домашен буџет ќе добие линеарно зголемување од 5.000 денари. За само две години од мандатот успеавме да го исполниме ова ветување, со што пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари“, истакна Илиевска.

    Најголем ефект од ваквото зголемување, според неа, имаат пензионерите со најниски примања. Таа посочи дека најниската пензија сега изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија достигнала околу 28.120 денари.

    „Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, но истовремено дадовме заслужено зголемување за сите кои со децении го градеа ова општество“, рече пратеничката.

    Илиевска оцени дека пензионерите се една од категориите за кои државата треба да има посебна грижа, нагласувајќи дека нивниот придонес кон општеството треба да биде вреднуван и по завршувањето на работниот век.

    „Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата“, изјави таа и додаде дека грижата за постарите лица ќе остане меѓу приоритетите на власта и во периодот што следува.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично