ПОВЕЌЕ

    УНИ Банка на 12 август ќе ја исплати полугодишната камата за перпетуалните обврзници

    Време зa читање: < 1 минутa

    Идната среда (12 август), имателите на перпетуални обврзници од УНИ Банка ќе ги добијат средствата од полугодишната камата. Исплатата ќе се врши по годишната стапка од 6 проценти.

    Тоа се однесува на перпетуалните обврзници од четврта емисија со ИСИН MKBLBA200045 и шифра UNIPO4.

    Право на исплата на каматата имаат сите што заклучно со 11 август се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност.

    „Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 август ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 12 и 13 август ќе треба да му го уплати износот на чистата цена и акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 12 и 13 август, соодветно, и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“, информираат од УНИ Банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично