ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансферирани 41,3 отсто од акциите на ГД-Тиквеш

    Време зa читање: 2 минути

    Во 12 нетрговски трансфери реализирани во текот на последната седмица од јули, подарени се или наследени 28.619 акции. Седум од нив се приоритетни, а издадени се од Стопанска банка Скопје.

    Трансакциите се изведени со мали количини на хартии од вредност, а високата бројност произлегува од само еден трансфер – на 28.100 акции од ГД-Тиквеш АД Кавадарци. Тие обезбедуваат 41,32 отсто од акционерскиот капитал на друштвото. Просечната цена за акција е 1.000 денари, последното берзанско тргување е од 3 јуни, а во изминатите 52 недели регистрирани се три купопродажби. Инаку, пред големиот пренос остварен во петокот, имало уште еден со 7 акции.

    Два трансфери се со акции на Комерцијална банка: со 10 обични акции во средата и со 19 обични акции во петокот. Најтргуваната акција на Македонска берза има просечна цена од 26.383,14 денари.

    Сопственоста е сменета и кај 137 обични акции од Оранжерии Хамзали Струмица. Според берзанските податоци, акциите на ова друштво се во „мирување“, една година наназад не е забележана ниедна трансакција.

    Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се и ВВ Тиквеш Кавадарци со 72 обични акции, Гранит и Алкалоид со по 65 акции, Триглав осигурување со 58, Кланица со ладилник Струмица со 52 и Ветекс АД Велес со 27 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично